13.8 C
Skopje
сабота, ноември 2, 2024

Николоски: 31 година независна Македонија е вековен сон на македонскиот народ

По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев.

-31 година независна Македонија е вековен сон на македонскиот народ. Под голем удар во овие години, но ќе ја сочуваме и изградиме во модерна, економски напредна држава. Почит за првиот Премиер Никола Кљусев, првиот Претседател Киро Глигоров и Претседателот Борис Трајковски, пишува Николоски на Фејсбук.