Николоски: 500 милиони евра годишно во капитални инвестиции

ВМРО – ДПМНЕ во својата предизборна програма планира за изградба на автопати пруги, гасоводи, градинки училишта годишно да издвојува по 500 милиони евра, а граѓаните да добијат целосна обнова на земјава.

-Она што ќе го ветиме во дел на изградба, патишта, инфраструктура, болници, градинки…ќе го реализираме. Можно е секоја година капиталните расходи да бидат околу петстотини милиони евра во нови патишта, железници, градинки училишта, тоа е еден циклус од околу две милијарди евра за четири години, а доколку го реализираме околу 90 проценти како што ни е планот, тоа ќе значи една цела инфраструктурна обнова на Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за Сител ТВ.

Враќање на бизнисот на здрави нозе ветуваат од оваа партијата. Најавија ослободување на малите фирми со помали приходи од секакви давачки за да се растеретат и да можат да го шират бизнисот. Поголема подршка за извозно ориентираните фирми, укинување и намалување на парафискалните давачки и поголеми бенефиции за странските инвеститори кој сакаат да работат во земјава. Враќање на рамниот данок и тоа до 2022 тој да биде 8 проценти.

-Ќе има нов концепт на привлекување странски инвеститори, оние кои што ќе отвараат развојни и научни центри во рамки на своите фирми, односно да може развојот да се случува во рамки на тие инвестиции, и високо квалификувани млади кадри да можат да се вработуваат, враќање на рамниот данок на 10 проценти. Во првите сто дена од владата, намалување на истиот на девет проценти, а во период од две години до 2022 година намалување на осум проценти што е рекордно најнизок данок во целиот регион, истакнува Николоски.
Се најавува и поголема подршка за сите млади до 29 години кои ќе сакаат да отворат свој бизнси, со 0 проценти персонален данок.