Николоски: Ја информиравме ЕПП дека нема да дозволиме Заев и СДСМ да избегаат од избори и од одговорност за сторениот криминал

Она што е значајно е дека на ова политичко собрание ќе дискутираме за идните правци на ЕПП, а исто така ќе дискутираме и за политичката состојба во Македонија. Ќе ја информираме ЕПП за случувањата во Македонија, за се поприсутниот криминал и корупција кои не престануваат дури и во овој период кога сме само на два месеца од избори, за скандали кои што се случуваат во Македонија и за недомаќинското и криминално владеење на СДСМ, вели Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во телефонското јавување во Дневникот на ТВ Алфа.

Николоски посочи дека ги информирале претставниците на ЕПП дека Зоран Заев сака да избега и од одговорност за криминалот кои што го правеше изминатите три години.

Во исто време ќе ги информираме и за обидот на Заев да избега од избори. Имено Зоран Заев соочен со евидентниот пораз на предвремените парламентарни избори на 12 април и знаејќи дека после тој пораз ќе мора да сноси одговорност за криминалот кој што го правеше, прави се за да избега од избори. Најпрво беше протоколот за членство во НАТО, па кога го понудивме решението го измисли проблемот со некој си пакет на закони кои што никој не знае за што беа и што променија откако се донесоа во државата, а имаше 3 години да ги донесе, па потоа се проблематизираше проблемот со изборот на министерот за внатрешни работи иако тоа беше обврска и право на опозицијата односно на ВМРО-ДПМНЕ, за сега на крај да си измисли за Законот за јавно обвинителство. На ЕПП и е јасно дека Зоран Заев губи, дека ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите и дека Христијан Мицкоски е новиот премиер на Република Македонија после 12 април, нагласи потпретседателот Николоски.

https://www.youtube.com/watch?v=QqF6tecNjbU