Николоски: Безбедносните служби наместо да го прислушуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ да испитаат кој хара по Македонија и финансира отворање на бугарски клубови

Нешто со што недоволно се занимава јавноста е финансирањето на бугарските клубови со што би сакал да ги повикам надлежните институции во Македонија, пред се мислам на Агенцијата за разузнување, на Агенцијата за национална безбедност и на финансиското разузнување, тоа е нивна работа да испитаат кој хара по Македонија и кој финансира отварање на овие бугарски клубови во Македонија?, запраша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Трилинг“.

Николовски во своето гостување посочи дека бугарските клубови во Македонија се финансирани од фондација која што е во сопственост на еден исклучително богат човек од Бугарија кој што главно се занимава со бизнис кој што е во медицината односно има болници и е добро познат на нашите служби.

-Тие клубови не се финансирани со домашни средства, не се финансирани од основачите на тие клубови, ниту се финансирани директно од бугарската држава преку програма за поддршка на националните малцинства, туку се финансирани од фондација која што е во сопственост на еден исклучително богат човек од Бугарија кој што главно се занимава со бизнис кој што е во медицината односно има болници, добро познат претпоставувам на нашите служби. Треба малце да си поводат сметка што и како прави и како е возможно да доаѓа во Охрид на отварање на клубот „Цар Борис како што го нарекоа и како е возможно да овие клубови се финансираат, тоа е директно мешање на внатрешни работи на суверена држава. И наместо да се занимаваат овие институции со ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се занимаваат со тоа како да не прислушуваат мене и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и физички да не следат и да измислуваат би рекол глупости за нас кои ги пласираат преку портали и новинари, да се малку повеќе позанимаваат со тоа што им е опис и попис на работни задачи, а тоа е заштита на државниот и уставниот поредок во Македонија, додаде Николоски.