Николоски: Блокадата на Чешка и Словачка не е случајна, ВМРО-ДПМНЕ ја спречи преку своите партиски пријатели 

Реакцијата на Чешка и Словачка не е случајна, содржината ја видоа сите а тоа е дека не се согласуваат за тоа да условувањата во делот на јазикот, на сопствената интерпретација на историјата, бидат услов за членство во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ за целиот овој период активно ги информираше своите пријатели, што ѝ се случува на Македонија и затоа сме сега во ситуацијаЧешка и Словачка да бидат поголеми патриоти од Зоран Заев, изјави потпретседателот на ВМРОДПМНЕ, Александар Николоски во емисјата Стадион на Канал 77.

Николоски го коментираше ветото од страна на Чешка и Словачка за заклучоците за проширувањето во Европската унија каде што истакна дека реакцијата на овие две држави и нивното несогласување за условувањето за делот на историја, јазикот и
сопствената итерпретација на историјата да бидат услов за членство во Европската унија е координирана.

„Постои една група во ЕУ која се вика Вишеград 4,во која што учествуваат Чешка, Унгарија, Словачка и Полска. Во четирите влади ние имаме големи пријатели, од тие влади, 3 припаѓаат на Европската народна партија, а четвртата припаѓа на европските
конзервативци, кои што се подесно од Европската народна партија“, изјави Николоски.

Постојат неколку работи кои што се сплет на околности. Прво јавноста остана неинформирана дека Министерот за надворешни работи на Македонија, Османи беше примен од министерот за надворешни работи на Унгарија, Сијатро. Истиот ден Чешка и Словачка, кои се дел од истата група излегоа со оваа реакција, а групата Вишеград 4,
секогаш ги координира своите настапи, додаде Николовски.

„Оваа група Вишеград 4 е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ, но исто така е голем поддржувач на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ таму има големи пријатели, почнувајќи со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, преку премиерот на Полска, Моравјецски, продолжувајќи со премиерите на Чешка и Словачка“, кажа Николоски.

Ексклузивно за Канал 77, споделувам, додаде Николовски, дека ВМРО-ДПМНЕ работеше со овие четири држави, да спречат условот историја, да влезе во заклучоците на Европската унија.