Николоски: Да изработиме целосно нов Закон за урбанистичко планирање кој би го работела комисија со претставници од најрелевантни невладини организации

Во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител гостуваше министерот за транспорт, Александар Николоски.

Министерот Николоски од студиото на ТВ Сител понуди да се изработи целосно нов Закон за урбанистичко планирање кое би го работела комисија од хетероген состав со претставници од најрелевантни невладини организации.

„Она што сакам еве вечерва да го понудам од тука еве нова работа да изработиме целосно нов Закон за урбанистичко планирање кое ќе ги опфати сите сегменти и сите сектори кој би го работела комисија од хетероген состав во кој би имало претставници од најрелевантните невладини организации, здруженија на граѓани што ќе е прв пат во историјата на изработување на закон да здружение на граѓани, односно невладини организации бидат вклучени од самиот старт на подготовка на законот“, посочи Николоски.