Собранието на Република Македонија ме избра за Претседател на Националниот совет за евроинтеграции, тело кое ги обединува сите клучни фактори во државата во процесот на евроинтеграции и секогаш е предводено од најголемата опозициона партија, објави преку својата Фејсбук страница пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Во насока на искажување на јасната определба за членство во ЕУ и побрз почеток на преговори за членство, во исто време и за зачувување на македонските национални интереси, како и засебноста на македонскиот народ, јазик и култура, од денес почнувам серија средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Првата ќе биде со Амбасадорот на Полска, а деновиве ќе имам доста интензивни активности во оваа насока за кои благовремено ќе информирам, пишува Николоски во својата објава.