Николоски е убеден дека Македонија може да почне преговори со ЕУ во фер услови а не во уценувачките од Бугарија

Меѓувладина конференција нема да се случи, тоа е исто така лага затоа што меѓувладина конференција би се случија само доколку и ако се промени Уставот. Имајќи предвид дека за тоа немаат двотретинско мнозинство, меѓувладина конференција нема да се случи така што не можеме да се доведеме до ситуација кога би формирале влада меѓувладината конференција да е случена.

„Апсолутно сум убеден дека Македонија може да почне преговори со Европска унија во едни фер услови, а не во едни вакви уценувачки услови од Бугарија, потребно е друго да се направи, не да се убедува со Бугарија. Потребно е функционален систем на владеење на правото, борба со организираниот криминал и корупција и реформи на јавната администрација. Доколку Македонија успее овие три работи да ги направи, истите земји членки кои што сега се индолентни и не прават ништо да ја притиснат Бугарија, ќе ја притиснат Бугарија затоа што ќе сакаат успешна држава да преговара со нив и еден ден да стане членка. А сега, гледаат држава која што е на 111 место по перцепција за корупција, држава во која што економијата тоне на дневна основа, држава која што ги полни нивните градови со луѓе кои заминуваат од овде и нормално е дека со таква држава не сакаат да почнат преговори. Да не се лажеме, нас не нѐ блокира Данска, нас нѐ блокира Бугарија. Доколку најголемите европски градови мислеа дека Македонија заслужува да почне преговори, проблемот со Бугарија ќе го решеа за едно претпладне или едно попладне, ќе отидеше еден дипломатски тешкаш таму, ќе им кажеше што треба да им каже и немаше да имаме никакви условувања од Бугарија – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето вечерашно гостување во емисијата „Што не е јасно” која се емитува на телевизијата Алфа.

Николоски додаде дека тоа не се случува, притисок кон Бугарија за старт на преговорите на Македонија со ЕУ, бидејќи ситуацијата во Македонија е лоша и затоа што корупцијата цвета, а за да се заштити корумпираната спремна е да ги продава националните интереси и да прифаќа диктат од Бугарија сето тоа само за да остане уште некој месец на власт.