Постојат најмалку две причини коишто мислам дека се главен мотор или мотив ако сакате на ова незадоволство коешто го има кај народот. Првата причина е економскиот колапс и сиромаштијата, а втората причина е националното понижување. И мислам дека овие две причини се повеќе од доволни за да се изрази револтот на народот, а и за да се отслика расположението кај луѓето“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Јанко, јади бурек“.
Николоски додаде дека економската состојба во Македонија никогаш не била полоша, а најавите на оваа Влада се дека ќе е уште полошо. Од Владата не најавуваат дека струјата ќе поевтини, туку дека ќе поскапи уште повеќе. Од Владата, исто така, не најавуваат дека ќе поевтини бензинот туку дека ќе поскапи. А, парно граѓаните не знаат дали воопшто ќе има бидејќи РКЕ ја одзема лиценцата на БЕГ, и не се знае на кого РКЕ лиценцата ќе ја даде. Ништо чудно нема да е ако од 15-ти октомври граѓаните да немаат парно.
„Гасот отиде на 1.600 – 1.700 долари за 1.000 реални метри кубни гас. Тоа можеби на граѓаните како податок не им значи ништо, ама треба да ги прашаат фабриките во кои што работат дали таму значи нешто. Затоа што ако фабриките останат со таа цена, луѓето ќе останат на улица, ќе немаат плата од кај да земаат. Струјата во истите фабрики е поскапена за 500 до 600% ако во една фабрика би плаќала месечно сметка за струја на пример 100.000 евра сега плаќа околу 600.000 евра. Од кај фабриките ќе ги најдат тие пари? Па, ќе треба да брка работници од работа“, појасни Николоски
Посочи дека една од причините за незадоволството на граѓаните од Владата е и националното понижување.
„Волку понижена, волку згазена Македонија не била никогаш. Влада со волку свиткана кичма која што на ниеден начин не се бори за националните интереси досега немало“, рече Николоски. „Јасна економска програма имаме, одредени контури мислам дека се и познати на јавноста. Она што ние од најпатриотски побуди го понудивме на власта е условно кажано да ги подучиме, да им дадеме народски кажано малку ум, како да се справат со оваа криза. Имено на 100 дена од формирањето на оваа Влада во тек на месец април претседателот на партијата Христијан Мицкоски излезе со предлог за предвремени избори и додека се случат тие предвремени избори да се формираат четири тима во четирите клучни области како би можеле да им помогнеме. Зошто беше битно да се формираат тие тимови? Затоа што времето се губи, еве веќе сме јуни месец Владата не работи ништо, а нашите стручни луѓе не можат да помогнат. Да ја фатевме во април работава јас ви гарантирам дека во октомври и ноември ќе беше состојбата со греењето и со електричната енергија многу подобра од тоа што ќе биде сега. Затоа што сега ние зборуваме избори да има септември – октомври. А, после тоа има период на формирање на Влада што значи дека тоа може да оди до декември – јануари“, укажа Николоски.
Дуеи, посочи тој, во однос на националните понижувања доколку Владата имаше јасна стратегија, немаше да дозволи кој каде стаса буквално да се исмејува со Македонија.