Николоски ексклузивно: Македонија со Заев и во март нема да добие датум за преговори со ЕУ

Депласирано е и СДСМ изгуби секаков кредибилитет да зборува за Европската унија. Да ја потсетам македонската јавност зошто СДСМ решија да го потпишат капитулансткиот договор со Грција и решија на Грците да им дадат се. Тие очекуваа датум за почеток на преговори со ЕУ во 2018 година, Рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа.

– Денес е 2020 година и Македонија нема абер за почеток на преговори со Европската унија. И мене ми е многу жал за тоа, зошто јас сум еден од оние кои најмогу се залага за ЕУ. Имаме две изгубени години со заев. ЕУ одлучи да не му даде на Заев датум ни јуни 2018 година, ни во јуни 2019 година, ни октомври 2019 година. Давав прогнози и претходно еве и сега еклузивно за Алфа нема да дадат датум ни сега во март 2020 година. И пак истата работата е проблем, корупцијата, рече Николоски.

По изборите, тој посочи, дека по изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе работи 2020 да не биде изгубена.

– Причината е немање на функционален систем на владеење на правото. Не сум среќен, би бил среќен ако беше поинаку. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи по изборите и 2020 година да не биде изгубена година, зошто прв пат ко ќе се видат јасни сигнали за борба против корупција ќе биде поинаку, рече Николоски.