![nikoloski06062022.jpg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/nikoloski06062022.jpg.png?resize=637%2C358&ssl=1)
„СДСМ, а пред сѐ Ковачевски секое сабајле и секоја вечер се молат ДУИ да не им излезе од Влада, и на тој начин да им го продолжи политичкиот век уште некој месец. Така што политичкото опстојување им е сведено на тоа што ќе прави ДУИ, па еве два дена им коленичеа на прославите и концертите по повод 20 години од основање на ДУИ. Покрај Ковачевски и Заев беше таму кој што формално е повлечен. Тоа е уште една потврда дека Заев зад сцена ги влече конците и тој е главен играч во СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју на „Што не е јасно“, на ТВ Алфа.
Во однос на денешното одбивање на пратениците на СДСМ да се расправа за недоличното однесување на спикерот Џафери, Николоски истакна дека претседателот на комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања Панчо Минов, сам гласал против точката на дневен ред која самиот тој ја предложи, додавајќи дека истиот тој нарекувајќи го Прелетачевич е познат на јавноста по брзото менување на политичките ставови по однос на една иста тема.
Николоски ги повика граѓаните на 18 јуни масовно да се обединат и да излезат на улица, бидејќи како што рече, и еден човек плус на протестот значи ден помалку на оваа криминална влада на СДСМ и ДУИ, како и дека влада од опозиција се руши само на улица.
Време е народот да излезе на улица и да ги преземе работите во свои работи, очекувам на 18 јуни да дојдат се надевам и над 100.000 луѓе, мислам дека треба да се свесни граѓаните дека еден човек плус на протестот значи еден ден помалку на оваа криминална влада на СДСМ и ДУИ, потенцираше тој.