Николоски: Градоначалниците на СДСМ за Скопје се деца на олигарсите на транзицијата

Мислам дека тука покажавме една големина и една широчина како политичка партија што и всушност ова раководство не го прави првпат. Покажуваме дека сакаме да шириме и дека сакаме да вклучиме што повеќе квалитетни луѓе како би можело добро да се менаџира, истакна Aлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија за поддржување на Данела Арсовска за кандидат за градоначалник на Скопје.

Николоски додаде дека Данела Арсовска да биде поддржана мислам дека е зрел потег на ВМРО-ДПМНЕ иако ВМРО-ДПМНЕ имаше преку 10 луѓе кои што можеа успешно да се натпреваруваат. Но ВМРО-ДПМНЕ препозна дека претседателката на Сојузот на стопански комори, најголемата комора во Македонија во која што членуваат најголем дел на фирмите во Македонија е менаџерско решение кое што може да го среди Скопје.

-Има една работа која што не е искомуницирана досега во јавноста, но мислам дека е многу карактеристична за овие избори и исцртува една јасна линија. А, тоа профилот на кандидати најмногу за Скопје од СДСМ. Тоа се деца на транзиционите олигарси и богаташи. Значи тоа се деца на оние кои што ја покрадоа Македонија во темната приватизација од 1991/92 до 1997/98 година, заклучи Николоски.

Николоски за пример го посочи кандидатот за градоначалник на СДСМ во Аеродром, Александар Филиповски кој што е син и внук Благоја и Илија Филиповски. Кои што постарата генерација ги памети по тоа што беа главни во приватизацијата и затворањето на фабрики во Македонија. Беа првите двајца кои што изградија хациенди на Водно надвор од она што комунистите го поделија на функционерите. И беа синоним за таа транзиција која што се случуваше тогаш.

-Во исто време фирмата која што е во нивна сопственост „Техно Комерц“ има добиено 15 милиони евра тендери од 2017 –та до 2021 година и тоа од Владата на Зоран Заев. Со тоа што од 2020 и 2021 појачуваат до 2020-та се три милиони, а најверојатно кога се договориле дека ќе го кандидираат, им дале уште 10.7 милиони евра. Значи син на олигархијата која што остави 300.000 луѓе без работа во Македонија сега се натпреварува за Аеродром, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека тука е и синот на еден од двајцата директори кои што го пропаднаа „Жито Лукс“, сега е кандидат за Бутел. Или синот на Зоре Темелковски за кој што не треба да зборува многу е кандидат за Кисела Вода. Пописот е актуелен, еве наместениот попис од 2002 година беше со потпис на Дончо Герасимовски, кој што е татко на актуелниот кандидат за градоначалник на Центар.