Николоски им порача на Заеви дека нема да го замолчат и оти и натаму ќе го обелоденува нивните криминали

Денеска Зоран Заев направи неколку кривични дела затоа што за неколку работи излажа, многу работи проба да ги изрелативизира, многу работи проба да ги изврти, што секако не му успеа, пренесе потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа по завршување на главната расправа на денешното рочиште со премиерот.

Николоски додаде дека Заев поднел тужба за клевета против него за изјавите уште од 2019та година, а како што рече тој времето покажало дека она што го говорел е вистина, но во тој момент кога го кажал тоа не било познато во јавноста.

„Зоран Заев мене ме тужи за клевета, за изјава која што ја дадов на крајот на август 2019 година кога кажав дека тогаш беше актуелен случајот Рекет, дека не е изрекетиран еден бизнисмен, изрекетирани повеќе бизнисмени, вкупната сума на изрекетирани средства надминува над 20 милиони евра и на врвот на пирамидата е лично Зоран Заев кој што координирал со целата таа акција, нешто што времето го покажа дека е вистина, но во тој момент кога јас го кажав не беше познато во јавноста“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека тој е единствениот политичар кој што добил тужба од браќата Вице и Зоран Заеви, односно по првата тужба од Вице Заев, сега втора е тужбата од Зоран Заев, што покажува дека од позиција на власт, моќ и пари сакаат да му направат политички притисок и да го замолчат, но како што порача ова само го мотивира да се бори против нив и да ги изнесува криминалиите кои што ги прават.

„Само што завршив со тужбата која што неговиот брат Вице Заев ја поднесе кон мене затоа што беше навреден дека сум го нарекол главен бизнис фактор во државата, веројатно требаше да речам главен бизнис фактор на Балканот, затоа што во меѓувреме тоа стана со криминалот. Како завршивме со Вице Заев, сега одиме со Зоран Заев на суд што е еден јасен политички притисок од семејството Заеви врз мене. Имено, јас сум во моментот единствениот политичар или воопшто ако сакате јавна личност која што оди на суд со семејството Заеви, со двајцата браќа и со Вице и Зоран, што јасно говори дека сакаат да извршат политички притисок од позиција на власт, моќ и пари кои што ги имаат. Но, да им порачам дека само ме мотивираат со ова што го прават, затоа што уште по мотивиран сум да се борам против нив и да ги изнесувам во јавноста криминалиите што ги прават“, истакна Николоски.