Николоски: Коалицијата на СДСМ со Беса е за „манипулација на гласачите“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во „10 Минути“ на ТВ 21 изјави дека коалицијата на СДСМ со Беса е за „манипулација на гласачите“ затоа што нема да може да се види волјата на двете најголеми заедници во државава.

Тој смета дека ова е очајнички потег на Заев за да се спаси.

Претходно, Движењето Беса беше во координација со ВМРО-ДПМНЕ за евентуална постизборна коалиција.

Тој истакна и дека не успеале да најдат консензус со владејачката партија за изборниот модел.

Николоски вели дека тие се залагале за мнозински модел каде директно ќе се знае точно кој пратеник од која општина доаѓа, но не нашле заеднички јазик со партијата на Зоран Заев.