Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека многу дипломати доаѓале во партијата за да ги убедуваат да гласаат за уставните измени.
-Многу дипломати доаѓаат во ВМРО-ДПМНЕ да не убедуваат за уставни измени и ние ги одбиваме. Кога ќе ги прашам, дали од овде продолжувате во Софија, ми велат зошто? Им велам дека адресата каде што треба да вршите притисок е таму, а не во Скопје…, вели Николоски.