Николоски: Корупцијата мора да се удри во чело, но СДС и ДУИ не може да се удрат самите себеси, бидејќи од нив почнува криминалот

Корупцијата во Македонија оди од врвот па до најниското ниво, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа, потенцирајќи дека единствено нешто што ги спојува СДС и ДУИ е криминалот и корупцијата.

Корупцијата мора да се удри во чело и да се удри во врвот доколку сакаме резултат. Но, тоа сега е невозможно од причина што врвот е корумпиран и нема да се удри сам себе и затоа Македонија е во ваква ситуација во каква што е. Ако нешто ги спојува во моментот СДС и ДУИ, тоа е корупцијата, скоро и да нема член на високото раководство или повисок раководен орган на СДС и ДУИ кој што не е корумпиран, и доколку има некој таков го отстрануваат затоа што не им се вклопува во партијата и во тоа што е стил на работа во партијата. Така што според мене ова е најголемиот проблем за Македонија, рак рана и основна причина зошто се иселуваат луѓето од Македонија, основна причина зошто економијата тоне и колку и да звучи чудно основна причина зошто Бугарија го негира македонскиот национален идентитет, затоа што ако Македонија е силна држава никој нема да си дозволи на овој начин да си поигрува со македонскиот народ и со самобитноста на државата. Но имајќи во предвид дека државата е слаба, а дека елитатат е корумпирана затоа и Бугарија се однесува вака, изјави Николоски.

Според Николоски за Македонија да се врати во нормален колосек потребно е да се реши високиот степе на корупција.

Мора да се реши корупцијата, да се удри во чело и да се удри на врвот и мора да се почне од врвот за Македонија да се врати на нормален колосек, смета тој.

Потпретседателот Николоски нагласи дека владеењето на СДС и ДУИ го бележи корупција уште пред да станат влада, изјавувајќи дека Зоран Заев бил под истрага и обвинение и бил аболициран, а станал премиер.

Ако објективно ги погледнеме работите ова е само континуитет на она кое што се случува. Веројатно и од врвот на ДУИ кога видоа што претходно правеше семејството Заеви или што прави сега врвот на СДС си велат ова е начинот на кој што и ние треба да се однесуваме. Така што оваа не е нова појава за начинот науправување на оваа власт, ниту пак е уникатна појава за оваа власт. Напротив владеењето на СДС и ДУИ го бележи корупција уште пред да станат влада. Да потсетам дека Зоран Заев беше под истрага и под обвинение и беше аболициран пред да стане премиер, рече Николоски.

Николоски потсети за првиот корупциски скандал на владата на СДС и ДУИ, кога тогашниот скопски градоначалник од СДС Петре Шилегов плати 50.000 евра за ди џеј за пуштање на автобуска постојка во центарот на градот.

Тоа беше стартот на корупцијата на оваа влада, каде што буквално покрадоа од едно обично отворање на автобуска постојка, па после тоа дојдоа сите големи скандали, објасни Николоски.