![николоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/nikoloski-5.jpg?resize=690%2C362&ssl=1)
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес во рамки на посетата на Неготино ја посети винаријата „Пуклавец“.
-Ова е винарија од Словенија која има инвестиција и во Македонија. Разговаравме за квалитетот на македонското грозје и вино, но и пласманот кој се потешко се наоѓа поради корона кризата. Македонското вино и грозје заслужуваат поддршка од државата, напиша тој на Фејсбук.