Николоски манипулира и ги лаже земјоделците

Љупчо Николоски отворено манипулира и ги лаже земјоделците. Во исто време кога ветува обештетување владата им крати субвенции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љупчо Николовски.

-ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци во декември минатата година вети дополнителна поддршка за лозарите заради тешката состојба со реколтата 2016та. Ветивме 20илј ден/ха за површини од 0.2ха до 0.5ха. 15илј ден/ха за површини на 0.5 до 1ха и 10илј ден за површини над 1ха до 5ха но, не формиравме влада за да можеме да го реализираме ова како поддршка за лозарите, се вели во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС вети 10 % повисоки субвенции за 2017та година значи 4000 ден/ха. Многу помала споредено со мерката на ВМРО-ДПМНЕ но, и таа е прашање дали ќе се исплати бидејќи до сега уште не се исплатени до крај субвенциите за родот од 2016та година.

-СДС не само што не мисли на земјоделците туку во спрега со компании должници на грбот на лозарите, а спротивно на законите, им дозволува да го земаат родот на земјоделците и да преработуваат иако немаат дозвола за тоа. Повторно се погазуваат трудот и маката на преку 7 илјади лозари од Тиквешијата, се наведува во реакцијата.