Николоски, Милошоски и Ѓорчев го следеа 70-от Молитвен појадок онлајн, обраќање на Бајден

Пратениците Александар Николоски и Антонио Милошоски, како и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев го следеа онлајн Молитвениот појадок во Вашингтон кој се одржа во скратено издание поради ковид пандемијата.

Претседателот на САД Џо Бајден во своето обраќање истакна дека САД и целиот свет поминаа низ тежок период за време на ковид пандемијата, а дека многу луѓе ги загубиле своите најблиски.

Бајден истакна дека тој ден е роденденот на неговиот покоен син Бо Бајден, кој почина од рак на мозокот на 46 години.

Секој некогаш поминува низ тешки моменти, додаде Бајден, потсетувајќи се на смртта на неговата ќерка и неговата прва сопруга во сообраќајна несреќа.

Бајден нагласи дека треба да се намалат поделбите во општеството и повика на единство околу некои базични прашања за општо добро.

Самиот тој помина 36 години во Сенатот на САД, додавајќи дека републиканците и демократите треба повеќе да соработуваат, без разлика кој е на власт или во опозиција, без разлика на секојдневните политички разлики.

Молитвениот појадок оваа година се одржа без меѓународни гости и во скратено издание поради ковид пандемијата. Настанот го водеа повеќе сенатори и конгресмени од двете најголеми партии.