Николоски на средба со Вархеји во Брисел: По парламентарните избори ќе работиме Македонија ден поскоро да стане членка на ЕУ

Денеска сум во Брисел, во посета на Европската Комисија каде што се сретнав со комесарот за проширување, Оливер Вархеји. А, исто така имам и средба со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти, ова денеска преку изјава го вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ. Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го нагласив“, вели тој.
Николоски додава дека и после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ.