Николоски: На Заев му е потребна контролирана опозиција, тој филм нема да го гледа

Ние цело време повикуваме на влада за национално единство која ќе се справо со здравстевната и економската криза и со блокада на Бугарија. Тоа Заев го одбиваше демек има мнозинство. Сега не гледам дека истата идеја е на маса. Тоа што Заев го сака прво, е да бира раководство во ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да му се дозволи и второ, нему му треба контрилирана опозиција со цел вечно да владее. Тој филм нема да го види, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди експертска влада.

„Бесими не е најголем експерт и Филипче не е најголем експерт. Мислам дека има такви имиња има во МАНУ, во бизнисот…“, рече Николоки. Николсоки укажа дека предвемени парламентарни треба да има заедно со локалните.

„Каде има кутија за локални, таму и за парламентарни избори, и во еден трошок оди тоа“, кажа Николоски.

Во однос на читачите на прсти, Николски рече дека мора да ги има за да нема манипулација.

„Тоа мора да се случи, тоа е законска обврска и мора да се почитува законот затоа што се одговара. Министерот за финансии да обезбеди средства за фингерпринт апарати, бидејќи ако не го стори тоа кривично ќе одговара, за тоа мора да се случи“, вели Николоски.