Николоски: Неопходни се предвремени парламентарни избори, власта да не бега од избори

При денешната посета на општина Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава на Димитар Ковачевски дека победиле на локалните вонредни избори истакна дека неопходно е да што побргу да се оди на предвремени парламентарни избори и да се види расположението на народот кој со нетрпение очекува парламентарни избори да го изрази своето расположение.

„Мислам дека доволно долго го коментиравме, еве да одиме на предвремени парламентарни избори да видиме кое е расположението на народот, ние буквално секој ден бараме предвремени парламентарни избори, народот тоа го очекува со нетрпение да ги направиме предвремените парламентарни избори и да видиме какво е расположението, мислам дека од оваа омилена агенција за мерење на рејтинзи исто така им кажуваат какво е расположението, затоа што меѓу народ ретко шетаат па не можат да слушнат и затоа бегаат од предвремени парламентарни избори, решението е да одиме на избори и да каже народот што мисли“, истакна Николоски.