Николоски: Од кампањата на Владата за вакцинација, се гледа дека единствено нешто што ја интересира власта е на кој начин да направи пари

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, при денешната посета во општина Кисела Вода одговарајќи на новинарско прашање запрашан за негов коментар околу новата кампања за пи-ар кампања на Владата поврзана со Корона Вирусот, тој истакна дека кампањата очигледно се покажа дека единствено нешто што ја интересира власта е на кој начин да направи пари.

„Во однос на кампањата, очигледно се покажа дека единствено што ја интересира власта е на кој начин да направи пари и од ова, затоа што се трошат 300.000 евра за слики кој што секој може да ги најде на интернет , коишто се украдени буквално од интернет, само напишете на Google слики за среќа и излегуваат овие слики кој што се дел од ,,кампањата’’ што само покажува дека единственото нешто на што размислуваат е како да злоупотребуваат буџетски средства“, истакна Николоски.

Посочи дека всушност затоа и Македонија е во оваа епидемиолошка состојба, да ги потсетам граѓаните дека кога другите држави се вакцинираа во Македонија немаше вакцини, беа принудени македонските граѓани да одат во Србија да се вакцинираат или во Бугарија, а зошто немаше вакцини, затоа што трчаа по провизии, договараа провизии преку фантом фирмата од ХонгкКонг наречена „СТАБРИ’’.