Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервјуто за телевизијата ТВ24 во средата вечерта истакна меѓу другото дека одговорноста за донесените одлуки во врска со преговорите за името на земјата паѓа на Владатам
Николоски рече дека во овој момент Владата го води процесот сама, како и дека одлуката е на нејзините чинители и оти може да си го води така процесот.
„Во секоја држава има власт и опозицијата. Одговорноста за одлуките е на Владата. За ние да се изјасниме за преговорите, прво треба да има договор, а сега договор нема“, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема причина да не ѝ се даде шанса на оваа Влада да најде решение. Меѓуота нагласи дека доколку решението е лошо, неговата партија секако нема да го поддржи, а во спротивен случај ќе го поддржат.
Рече, исто така, дека ставот на најголемата опозициска партија е оти земјата се вика Република Македонија, и дека тоа име треба да остане.
„Процесот треба да биде во рамките на Обединетите нации, инаку Македонија ќе биде губитник. Грција е далеку посилна од Македонија, и ние тој притисок и уцена од Грција го чувствуваме“, рече Николоски и додаде дека треба прво да се види пакетот за името, за да може да се даде конкретно мислење.
Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот, како и дека партијата додека била на власт преговарала за името, но тој нема детали, и за тоа вели дека да се прашаат преговарачите.
Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е на „нож“ со САД и дека во нив гледаат партнер.