
Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на гостување во емисијата 360 Степени што се емитува на јавниот сервис на МТВ рече: „Да не заборавиме дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ остана политички активен преку своите настапи на фејсбук во целиот изминат период и имаше ставови за многу политички прашања вклучително и за тунели под Водно. Но, немаше став за начинот на кој се промени името и за дејствувањето на Сашо Мијалков во тој период. Или тој зборува за се, само не за клучните прашања“, вели Николоски.
Според него, се е многу јасно се ако се направи анализа на ставовите на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Некој нека направи анализа, затоа што тој и книга извади од фејсбук статуси, дали од објавување на францускиот предлог до обзнанувањето од наша страна на тоа што се прави зад сцената, збор има кажано за францускиот предлог или има збор кажано за барањето да се промени Уставот. Дали има кажано еден збор. Јас ќе ви речам, нема кажано“, посочи Николоски.