Иницијатива за гласање доверба на Владата е поднесена до Собранието, истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Нагласи дека иницијативата ја поднесуваат и е потпишана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, коалицијата Алијанса за Албанците и Алијанс, пратениците од Двожењето БЕСА и пратениците од Левица.
Николоски посочи дека 61 пратеник ја потпишаа оваа иницијатива и 61 потпис се доставени до Собранието заедно со оваа иницијатива.
„Очекуваме претседателот на Собранието согласно законите и Деловникот, во најкус можен рок да свика седница“, нагласи Николоски.
Пратеникот нагласи дека во тек се интензивни разговори со уште неколку пратеници во Собранието и посочи дека очекува во моментот на гласањето да има повеќе од 61 пратеник.
„Ние високо ја цениме работата на Скендер Реџепи, мислам дека неговата изјава беше јасна и дека тој ќе поддржи гласање недоверба на Влада“, објасни Николоски.
Опозицијата во понеделникот до 14:30 часот чекаше премиерот Зоран Заев да ја поднесе најавената пред десет дена оставка и да ја достави до Собранието. Доколку тоа не се случи, како што најавија, во Собранието ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата, што сега го потврди Николоски.