Николоски повторно се брани сам на суд, Заев со најскапиот адвокат во Македонија

Додека премиерот Зоран Заев секој ден ги убедува граѓаните дека тој се залагал за правна држава, на суд го застапуваат најскапите адвокати.

Денес во Основен граѓански суд ќе се одржи продолжение на тужба за клевета кон Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ од Зоран Заев.

Николоски на суд се брани сам и денес, а Заев го брани најскапиот адвокат во Македонија.

Николоски уште на минатите рочишта изјави дека тој сам се брани на суд, додека Заев ги избрал најскапите адвокати, а самиот тој тогаш не дојде на рочиштето.

„Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека, како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати, изјави на минатото продолжение Николоски и додаде дека се надева оти ќе докаже оти неговата изјава е вистинита.