Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски вели дека Македонија нема вакцини прво заради неспособноста на власта, а второ заради нејзината корумпираност.
– Се договара набавка на 200 илјади вакцини од Кина, тие вакцини чинат помеѓу 25-30 долари, ако сакате по брза постапка да ги добиете е 36 долари, значи најскапа „Синофарм“ вакцина е 36 долари, овие ги нарачуваат за 62,5 долари, во Кина гледаат дека има супер корумпирани тука и затоа ги откажуваат вакцините, па ја пресекоа таквата набавка затоа што е профитирање – вели Николовски.
Тој нагласи дека сопственици на таа контроверзна фирма од Хонг Конг „Стабри интернешнл“, или „Стар бриџ“, односно „Стар мост“ која почнува да функционира кога СДСМ доаѓа на власт во 2002 година и кога СДСМ си заминува од власт во 2007 година, фирмата од „Стар бриџ“ се реактивира и станува „Стабри“ и се формира во 2017 година во септември сосема „случајно“.
– Таа фирма единствено што има продавано е јужно американско овожје, а се очекуваше преку нејзе да се набават вакцини – тврди Николовски.