Промените победија во Тетово! Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ! Промените ќе победат во Македонија! Предвремени избори за излез на Македонија од националната и економска криза!, пишува на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
По саботните избори за Советот на општина Тетово, според бројот освоени советници разликата ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ е 2 наспроти 1, односно освои 4 наспроти 2 советника.
Според бројот гласови, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 3.332, а СДСМ 1.953. Победа издвои и БЕСА над ДУИ, кои исто така ја згазија оваа владејачка партија, со освоени 12 советнички места и 9.620 гласови, во однос на 11 советнички места и 8.702 гласови.