Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на изборна единица 4, во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, обвини дека една од причините зошто изведувачот на експресниот пат од Градско до Прилеп си заминал од Македонија е бидејќи бил уценуван од владејачката структура да земе подизведувачи близок бизнис партнер до СДСМ.
– Почна да се гради автопатско решение или експресен пат од Градско до Прилеп. Не само што застана во овие три години туку воопшто сега не се одржува и тоа што е изградено тие столбови, пробиен пат сега го јаде забот на времето а паралелно сите го ризикуваат животот, нема само од Прилеп и прилепско и од Битола и целиот тој дел на Македонија. Според моите сознанија основната причина зошто изведувачот ја напушти Македонија е затоа што бил уценуван да зема подизведувачи кои што веројатно се блиски бизнис партнери на некој во владејачката структура и истиот тој изведувач ја тужи Република Македонија, и треба да знае јавноста дека ем нема да има автопат од Градско до Прилеп – рече тој.
Според Николовски, изведувачот ја тужи државата пред меѓународна арбитража за повеќе од 100 милиони евра.
Тој додаде дека стратешки најбитниот проект е да се поврзи автопатски коридорот 10 од Скопје до Солун, автопатски да се поврзи од Градско Прилеп, Битола и грчката граница, односно како што рече тој со ова ќе се отвори Централна и Западна Македонија на две пристаништа а тоа ќе значи сериозен економски потег да продолжи да се развива таму стопанството.
– Пелагонискиот регион дел од четвртата, дел од петтата изборна единица во моментот произведува 30 проценти од БДП. Со едно вакво стратешко отворање и тоа е нашето најголемо ветување а тоа е да се поврзи автопатски коридорот 10, значи од Скопје до Солун, автопатски да се поврзи од Градско Прилеп, Битола и грчката граница. Тоа стратешки по мене е најбитниот проект за Македонија. Затоа што отворањето на Централна и Западна Македонија кон најмалку две пристаништа солунското и драчкото пристаниште и сите можности кои што тоа ги отвора ќе значат сериозен економски потег да продолжи да се развива таму стопанството. Источниот дел исто големи можности има и Струмица и Радовиш и Гевгелија се во близина на две граници и на грчката и на бугарската граница. Една модерна мрежа ќе значи дека овие среди ќе може дополнително да се развиваат – рече Николоски.