Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во емисијата 60 минути на Горан Момировски, истакна дека власта на СДСМ врши досега невиден притисок врз медиумите.
Под сериозен притисок се проопозициски настроени новинари, медиумски куќи критичари на власта преку разни инспекции и кривични пријави… Ваква контрола, како што има СДСМ врз медиумите, никогаш немало, забележа Николоски.
Според Николоски, речиси и да нема медиум кој не е под контрола на СДСМ, а има и закани кон големите компании да не се рекламираат во проопозициските медиуими.
Поради ова, како што вели то,ј се затвораат медиуми, а дел од нив имаат и сериозни финансиски проблеми.
Потенцира дека најцрните практики кои отсекогаш ги имало во медиумите во Македонија и светот, владата на СДСМ сега ги усовршува и надградува.