Николоски: СДСМ во ваква криза наметнува тема за датум за избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на новинарското прашање кој, според ВМРО-ДПМНЕ, е следен можен и најсоодветен датум за парламентарни избори доколку мерките за ограничување постепено се укинуваат од почетокот на мај, како што беше најавено, вели дека е дегутантно, нечовечки во услови кога секој ден имаме нови болни од корона, во услови кога секој ден илјадници луѓе губат работни места и во услови кога за жал и семејства губат свои најблиски како последица на корона, било кој да зборува за датум за избори.

„Гледам овие денови Зоран Заев покрај што го нема никаде во јавноста позади сцената се обидува и единствено што прави е како да се спаси од одговорност за криминалните активности во изминатиот период власт негова или на СДСМ, наместо да се постапи на спасување на човечки животи и спасување на македонската економија. Се занимава со политика и политиканство. Мислам дека е дегутантно, нечовечки во услови кога секој ден имаме нови болни од корона, во услови кога секој ден илјадници луѓе губат работни места и во услови кога за жал и семејства губат свои најблиски како последица на корона, било кој да зборува за датум за избори. Срамота е, дегунтатно е, да ви кажам искрено смачено ни е од ова однесување на СДСМ“, одговори Николоски.

Додаде дека ова е нечовечко однесување на СДСМ во ваква криза да се наметнува тема за датум за избори мислам дека е нечовечки.

„Ние сме спремни како политика партија и ќе го победиме СДСМ кога сакаат и кај сакаат. Но, сега во моментов прашање број еден за Македонија и за сите граѓани  е да се спасат што повеќе човечки животи и да се спаси македонската економија. Сѐ друго е нечовечко однесување од кое  ми е смачено“, заклучи Николоски.