
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неделата во текот на посетата на скопската општина Бутел говорејќи за скандалот со извидничкиот одред истакна на чиј камп се изведувало наводно сексуално образиование кај малолетници чии родители реагираа, реле дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов финансира проекти со кои се урива македонското семејство и дека се тоа е дел од агенда за уништување на македонските традиционални вредности и затоа бегаат од одговорност.
„Ќе има одговорност и ќе го повикаме на одговорност Петре Шилегов да каже зошто давал пари на здруженија на извидници кои што ги сквернават нашите деца кои што им ги уништуваат животите. Зошто давал пари да се нарушуваат семејните вредности , дали нивната цел е да го уништат традиционалното семејство во Македонија и да ги уништат децата“, рече Николоски.
Истакна дека Шилегов нема релевантен одговор се уште до ден денешен и не бара ни да се вратат парите затоа што и тој е дел од агендата .
„До денеска не даде релевантен одговор. Ако навистина нема врска со целата работа зошто не побара да се вратат парите и да одговараат тие кои го направиле тоа. Нема да побара затоа што тоа е дел од една агенда за уништување на македонското семејство“, потенцираше Николоски.