Николоски: Со Груби и Ковачевски, Македонија нема да види ни „А“ од автопати

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во централниот дневник во Тема на денот вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес ја напуштиле седницата на која на дневен ред се ставени 8 закони поврзани со Коридорот 8 и 10д бидејќи немаат доволно информации како пратеничка група , како и дека според нив треба да се спроведе една поширока јавна дебата во која што ќе биде вклучена стручната јавност и ќе каже кое законско решение е потребно, а кое не.

Првата наша забелешка е затоа што се работи за 8 закони, за кои што е потребно да се спроведе една поширока јавна дебата во кои што стручната јавност ќе каже што е тоа што е потребно да се донесе како закон во собранието, а што е тоа што не е потребно да се донесе како закон во собранието. И да направиме една јавна дебата и покрај јавноста и пратениците да добијат доволно информации за тоа што се предлага, па после тоа да можеме да дебатираме во собранието. На ваков начин се поднесуваат во четврток закони, во петок се закажува седница која што се одржува во понеделник, не може да има никаква јавна расправа.

Николоски потенцираше дека со Артан Груби и Димитар Ковачевски кои што се носители на овој проект, Македонија А нема да виде од автопати, посочувајќи го автопатот Скопје Блаце кои што 5 години не можат 2 километри да изградат, како и автопатот Охрид Кичево.

Вториот момент ќе ми дозволите да бидам малку ироничен е што мислам дека јавноста пресериозно го сфаќа ова владеење на Артан Груби и Димитар Ковачевски затоа што тие се двајца носители и на владата и на овој проект. Мислам дека А нема да има од автопат, и колку што се изградија Скопје Блаце, и Охрид Кичево со оваа влада, толку ќе се градат и Тетово Гостивар Кичево и Прилеп Битола. Односно да бидам директен мислам дека се толку неспособни што километар автопат нема да можат да изградат, а всушност најдобар доказ за оваа работа е таблата која што стои, потрошија еден тон пари, повикаа се што е естраден уметник за да ги забавуваат на почетокот на градбата на автопатите, а всушност почетокот беше само откривање на една табла која што стои таму. Така што мислам дека со Артан Груби и Димитар Ковачевски Македонија А нема да виде од автопати, иако идејата за да се градат автопати е добра, на Македонија и се потребни автопати, тоа е основа за да биде државата поврзана, но од идеја до реализација има огромна разлика. А како најдобар доказ е тоа што од Скопје до Блаце 2 километри се градат 5 години, и Охрид Кичево наместо автопат стана пат на смртта каде што преку 100 луѓе го загубија животот во необезбедениот пат на трасата од Охрид до Кичево, затоа што како се смени владата 2017та така до дене тој пат не се гради, а стариот се уништи и не е обезбеден. Така што ова се двата примери како работи оваа влада кои што укажуваат на тоа дека не може нешто поразлично да очекувате, рече Николоски.

Николоски вели дека Бехтел е сериозна компанија која има светско реноме, но поради тоа што владата на Груби и Ковачевски е неспособна, дури и со така набрзина донесени законски измени нема да може да го реализира проектот за изградба на автопати.

Бехтел е апсолутно сериозна компанија. како што исто така мислам дека сега да можат да го вратат времето веројатно никогаш не би се нафатиле да работат проект кој што би им го срушил целосно реномето, бидејќи работат низ цел свет, не работат само во Македонија, затоа што координатор на овој проект е Артан Груби. Човекот го бива и за видео лотарија, пред некој ден регистрираше втора видео лотарија иако тоа е незаконски и ќе одговара, каде што во Управа одбор си ги стави најблиските соработници. Го бива и за кошарка, го бива и за фудбал, го бива и за Агенција за млади и спорт, го бива и за автопат. Но на крај не го бива за ништо и го руши реномето на една исклучително добра и позната компанија. Втора работа е кога преговарале веројатно на се кажале да. И на крај сфатија дека на се што кажале да, нема законски услови во Македонија и брзо сега поднесуваат закони во собранието со цел на тоа што кажале да, да можат некако да компензираат. Но, дури и со вака набрзина поднесени закони, тие проектот не можат да го реализираат, истакна тој.