Николоски со порака до СДСМ – ниедно насилство нема да ви помине!

Овде од Росоман да им кажам јасно на насилниците од уплашениот СДСМ – ниедно насилство и притисок НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!

Во Росоман сум од вчерашниот инцидент кога активист на СДСМ близок на градоначалникот на Росоман оштети возила на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е акт на паника – објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој додаде:

Кај ВМРО-ДПМНЕ насилство и заплашувања не поминуваат!
Ќе ве победиме, а потоа сите ќе одговарате за криминалот и корупцијата во кој сте навлезени. Нема попуштање