Николоски уште лани во својата колумна пишуваше за злоупотребата на тајните служби и софтверот „Пегазус“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски преку статус на Фејсбук се потсетува на колумната која ја напишал лани во врска со злоупотребата на тајните служби.
-Во декември 2022 година во колумна за весникот Фокус пишував за злоупотребата на тајните служби и софтверот ,,Пегазус” кој се користи за нелегално следење и прислушување.

Неколку месеци подоцна Македонија е во центарот на случувањата во нов разузнавачки скандал, реформите во разузнавачките служби не се случија, а власта ги злоупотребува АНБ, АР и ОТА.

Реформи во безбедносните служби ќе се случат после промената на власта и конечно во Македонија ќе се престане со злоупотреба на овие служби кои се користат за политички цели, а не за заштита на државата и граѓаните, напиша Николоски.