Ветувањата се реализираат! Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата!, вели министерот за транспорт Александар Николоски.
-Плата е исплатена на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти.
Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење!
Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку!, пишува Николоски на Фејсбук.