Николоски: Вице Заев потврди дека не е сопственик само на две фирми

Јас сум семеен човек, со мали деца, како и бизнисмен со авторитет. Сопственик сум на две фирми, Тотал Инженеринг и Тотал Електрик, а акционер сум исто така во две фирми. Вака денеска во Судот започна исказот на Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, кој го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за клевета.

Сепак, запрашан од Николовски, дали е вистинита објавата на телевизија Сител, во која се наведува дека има сопствеништво во фирмите: „ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК“ Катерина Б. Заева и Вице Заев (со 0,56 милиони евра’), „ДРАВАС ИНЖЕНЕРИНГ“ Вице Заев и Горан Крстев (со 0,036 милиони евра), „ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ“ на Вице Заев (со 1,16 милиони евра), „САРА ИНЖЕНЕРИНГ“ на Вице Заев и Горан Крстев (со 5 милиони евра) и „САРА Јавор“ на Вице Заев и Горан Крстев (со 4,2 милиони евра“, Вице Заев одговори „да“. Тој потврди дека има минимално учество во сопствеништвото на овие фирми, но помало од 20%, а наведените фирми имаат други сопственици.

Работа која што се утврди денес во ова рочиште е дека истиот е сопственик на повеќе компании од она што е познато во јавноста. Имено самиот кажа дека е сопственик на две компаниии, за после тоа самиот да се демантира за да каже дека е сопственик на неколку компании, ама таму имал по, како што самиот карикираше, 20 и нешто проценти, што повторно го прави сопственик, рече Николоски.

За време на рочиштето, Александар Николовски неколку пати нагласи дека во тужбата на Вице Заев, се тврдело дека тој не е јавна личност. И самиот Вице одговори дека тој лично не се смета за јавна личност.

Главната интенција на оваа тужба беше да се пушти порака до сите чинители на јавниот живот, да нема шпекулации околу креирање на одредени политики со цел да се оцрнат луѓе на кои им се нанесува ненадоместлива штета. Не знам дали постои дефиниција за јавна личност, но јас не се перцепирам за јавна личност, нагласи Заев.

 

Сепак Николовски потенцираше дека Вице Заев давал интервјуа во медиумите, а со самото тоа, се признава дека тој е јавна личност.

Вице Заев кажа дека не е јавна личност и дека нема давано изјави во медиуми. Од моја страна беа презентирани негови интервјуа во медиуми и со самото тоа, господинот Вице Заев призна дека е јавна личност. Кога сте јавна личност, мора да сте подготвите да трпите повисоко ниво на критики, и кога нешто ќе биде кажано за вас, имате два начини да одговорите, да го потврдите или да го демантирате, ама никако да се тужите во суд, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по денешното рочиште.

За време на исказот во судот, Николовски, кој му поставуваше прашања на Вице Заев, побара одговор и дали е вистинит написот на „Курир“, во кој се потенцира: На акуцијата за земјиштето што ја прави Зоран Заев се јавува бизнис партнерот на Заеви, Сашко Брндевски кој го купува земјиштето на аукција каде има единствена и најниска понуда. Тој уплаќа цели 700 илјади евра како физичко лице на сметка на општината и се стекнува со 8 парцели каде општината дозволува да се градат 8 нови седумкатници. Тој прави договор со фирмата на Вице Заев кој се потпишува во име на компанијата Тотал Инжинеринг, а Зоран Заев како градоначалник дава одобрение за градба. Ваквите тврдења Вице Заев ги потврди, додавајќи дека постапката е вистината, што може и да се провери, но дека пак се грешни сумите.

Завршните зборови за тужбата за клевета на Вице Заев, упатена кон Александар Николовски, ќе бидат изведени наредното рочиште, кое е закажано за 12 април, кога ќе биде прикажана и снимката од телефонското јавување во емисија на Николовски, кое е предмет на тужбата.