Како што во моментов стојат работите најверојатно и од септември нема да започне учебната година и ќе имаме трета година по ред во која децата нема физички да ја посетуваат наставата, предупреди во неделата Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во текот на посетата во Гевгелија и посочи дека ќе оствари средба со просветните работници
„Во таа насока сакам да искоментирам дека денеска ќе имаме средба со просветните работници тука од Гевгелија. Како што сега стојат работите најверојатно и од септември нема да се отворат училиштата и ќе имаме трета година во која што целосно или делумно децата не одат во школо и наставата ја следат од дома. Тоа се три изгубени генерации, тоа се три изгубени години затоа што не се создаваат соодветни работни навики кај децата, не се случува социјализацијата која е исклучително потребна баш во фазата на развој на децата и паѓа квалитетот на образование и на знаење“, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ поради оваа проблематика повика веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар и да може од септември да се отворат училиштата.
„Повикиваме, апелираме веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар со цел да можат да се вакцинираат учителите, наставниците и професорите и да може од септември да се отворат училиштата затоа што само така може да имаме здрава нација“, додаде Николоски.