Вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што посочи дека партијата како опозиција жестоко ќе се бори против криминалите на СДСМ и Зоран Заев.
„Зоран Заев би бил најсреќен на Македонија да и се случи 94-та година. Тогаш СДСМ и неговите претходници ја приватизираа цела македонската индустрија. А, овој сега веројатно ќе сака да ја приватизира цела Македонија. Слушам дека сакал да се продава земјоделското земјиште, претпоставувам за да може да си го купат фамилијарните негови фирми, дел регистрирани во Македонија, дел регистрирани во Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ нема да му дозволи на Зоран Заев да си владее, уште помалку да владее сам, и затоа се бориме и ќе се бориме уште пожестоко“, нагласи Николоски.
Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивставува на лошите политики на Зоран Заев и неговата криминална влада.
„Жестоко е, на само една недела на формирање на влада како никогаш претходно во оваа држава, и како никаде во регионот, се споредуваме со регионот, не можеме да се споредуваме со Јапонија или со САД, опозицијата излезе на улица и тоа само една недела по формирање на владата. Значи во други услови кога ќе се формира влада, опозицијата е во нок даун, опозицијата не може да се среди година дена, година ипол, а ние за само недела дена по формирањето на старо новата влада или владата на лагата, ВМРО-ДПМНЕ излезе на улица“, истакна Николоски.