Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски следните денови ќе биде во работна посета на Брисел каде ќе учествува на Политичкото собрание на Европската народна партија (EPP)
На денот на независноста на Република Македонија на пат за Брисел, следниве денови ќе учествувам на Политичкoто Собрание на Европската Народна Партија и ќе имам бројни средби со политичари кои се долго присутни во Брисел, но и политичари од новата генерација кои доаѓаат после последните европски избори. Ако пред триесетина години битката беше за независна Македонија, денес битката е да го вратиме достоинството и гордоста на Македонија и македонците, да ја подобриме економијата и животниот стандард, да има ред и владеење на правото. Да отвориме перспактива ден поскоро Македонија да стане член на Европската Унија. Таа битка се води и дома и во Брисел! Таа битка е битка за соборување на оваа ненародна власт, брзи предвремени избори, одговорност за сите кои и нанесоа штета на Македонија и направија криминал и обнова на Македонија! Да живее суверена и самостојна Република Македонија!