3.8 C
Skopje
петок, декември 27, 2024

Николоски: Во Центар конечно ќе се случат промени

Мислам дека во Центар ќе се случат конечно промените. Имаме една прекрасна личност за кандидат и иден градоначалник на општина Центар, професорката Котлар во својот професионален живот докажала дека може да ги менува работите на еден професионален и стручен пристап и истото ќе го прави во општина Центар, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што кажа, решивме во рамки на Коалицијата да ја подржиме затоа што сметаме дека треба едно пошироко граѓанско обединување, обединување кое што вклучува поголем број на политички партии, но исто така и здруженија на граѓани. Најдобар доказ дека во општина Центар работите не се движат како што треба е ова што го гледате позади нас, а тоа е еден хаос во урбанистичкото планирање каде што згради никнуваат буквално како печурки, а потврда дека тоа е лоша политика е самото тоа што СДСМ реши да не го кандидира актуелниот градоначалник за втор мандат со што признаваат дека не ја работел добро работата, а и замената односно оној кој што сега го предлагаат е апсолутно непозната за јавноста и за луѓето. Така што одат со едно решение кое што не е познато и не може да ја заслужи довербата, вели Николоски.

Тој додава дека така што очекуваме после 17ти октомври и во општина Центар и во Град Скопје да се случат промени, заеднички да има соработка помеѓу општината и помеѓу Град Скопје и да се менуваат работите, а тоа да е вовед во рушење на оваа ненародна влада и формирање на една влада на чесни, компетентни и одговорни луѓе.