После еден месец откако ја објавив големата афера Заев призна!, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, за вчерашното интервју во кое сегашниот премиер потврди дека тој им насочил на тетовските советници да гласаат за новиот експресно подготвен и изгласан ДУП.
-Заев призна дека стои позади криминалот од 200 милиони евра за контроверзниот црногорски бизнисмен Дака Давидовиќ на просторот на поранешен Шик Јелак во Тетово, пишува Николоски.
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати потенцираше дека оваа зделка мириса на корупција и криминал, но досега нема отворено никаква истрага за можни злоупотреби.