Во 2021 година со коронакриза Владата очекува од даноци да собере повеќе пари од 2019-та година кога немаше корона криза, вака проектираните даночни приходи се на ниво од една милијарда и 918 милиони евра, споредно со една милијарда и 898 милиони евра во 2019-та година, не слушнавме дебата на што го темели Владата овој оптимизам, како и возможно во кризна година да очекуваат да соберат повеќе пари од 2019-та година кога немаше криза ниту во Македонија, ниту во светот, Владата врз основа што очекува да собере 142 милиони евра повеќе оваа година, праша вечерва од собраниската говорница Александар Николовски, потретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание.
Во однос на трошоците во Буџетот, Николоски вели дека граѓаните треба да знаат дека Владата ќе потроши историски највисоки средства само за плати, во 2021 година за плати на администрацијата ќе се потрошат 20 милиони евра повеќе, споредбено со оваа 2020 година, и издатоците од Буџетот за плати ќе изнесуваат оваа година фантастични и рекордни 510 милиони евра.
-Значи за плати за администрацијата која очекуваат дека ќе им гласа на следните локални избори, Владата на Заев на СДСМ и ДУИ планира да потроши фантастични и рекордни 510 милиони евра, споредено со 2008 година во време на криза сме трошеле 339, а 2011 година 376 милиони евра, значи оваа година ќе се трошат 20 милиони евра повеќе од 2020 година каде исто така е соберен рекорд од 490 милиони евра, нема намалување на администрацијата, напротив има рекордни 510 милиони евра за плати во 2021 година, наместо да се трошат во капитални инвестиции, критикуваше Николоски од собраниската говорница вечерва.
Во врска со трошењата на Владата за стоки и услуги, Николоски праша е каде одат 347 милиони евра кои Владата треба да ги потроши за стоки и услуги и зошто истите не се во капитални расходи, туку се во дискрециони трошења на генералниот секретар на Владата?
-За стоки и услуги најматната категорија од Буџетот, со овој Буџет се проектирани на историски највисоко ниво во историјата на Македонија од 347 милиони евра, што е повеќе за 55 милиони евра споредбено со 2020 година, и некаде 83 милиони евра повеќе споредбено со 2009 кризна година и повече од 120 милиони евра споредбено со 2011 година исто така кризна година – објасни Николоски.
Во однос на социјалните трансфери од Буџетот, Николоски истакна дека тие одат некаде во околу 29 % од вкупните расходи што покажува дека политиките кои што тука се презентираат во однос на пензионирањето на пример, одат целосно во спротивност на начинот на кој се проектира Буџетот.
-Треба граѓаните да знаат дека средствата предвидени за здравствена заштита се непроменети во однос на 2020 година, а во 2020 година беа за 59 милиони евра повисоки од 2019 година, значи дека во 2020-2021 година ќе се потрошат дополнително само 118 милиони евра за здравствена заштита во ек на здравствена криза, а задолжување или дефицитот на Буџетот според проекциите на Владата кои ги спорам и мислам дека ќе е повисоко, е една милијарда и 600 милиони евра, што значи дека е лага дека ќе се инвестира во здравството, само 118 милиони евра за две години да потрошите за здравството покажува каков однос има Владата кон здравствената заштита на граѓаните, – критикуваше Николоски.
Николоски во врска со „други трансфери“ од Буџетот истакна дека за дотации за невладин сектор, за договорни услуги и слично Владата историски највиско ќе издвои 641 милиони евра, споредбено со 2009 година е повеќе од 295 милиони евра, а од 2011 277 милиони евра повеќе, значи Владата ќе издвои 300 милиони евра повеќе само за дискреционите „други трансфери“, тој праша каде одат овие пари, зошто граѓаните не ги гледаат, и зошто истите не се вложуваат за изградба на болници или автопати?
За дискрециони трошења Владата троши повеќе отколку што е дупката во Буџетот, ако се менаџирани добро овие трошења кои се 641 милиони евра од Буџетот, задолжувањето од 568 милиони евра нема да биде потребно, па дупката во Буџетот би била многу мала, објасни Николоски.
Во однос на капиталните расходи Николоски појасни дека оваа година се проектирани 374 милиони евра, што како процент е некаде околу 9, 3% што споредбено од 2008 е 14%, а 2011 година е некаде околу 11%, но мислам дека со реализацијата следната година нема да се стигне ни до пола во овој износ, што значи дека прашање е само дали ќе гледаме капитални инвестирања.
-Косово троши некаде околу милијарда евра на капитални расходи, а Македонија проектира 374 милиони евра, истакна Николоски. На плати троши 127 денари, на стоките и услугите кои никој не знае што се троши 86 денари, на социјални трансфери за купување социјален мир и поткуп троши 487 денари, на поддршка за пензии троши 288 денари, на здравствена заштита само 139 денари, на други странсфери или црна дупка за лоја никој не знае што е троши 159 денари, а за капоитални расходи и инвестиции троши само 93 денари, а во исто време се задолжува во вредност од 141 денар – објасни Николоски и порача дека ниеден домаќин не го прави ова, затоа расипнички се крадат парите на граѓаните со овој Буџет.