
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алескандар Николоски, во четвртокот по одложеното рочиште, рече дека наспроти ангажманот на најскапата адвокатска канцеларија во земјата од страна на тужителот премиерот Зоран Заев, тој самиот се брани затоа што на негова страна е вистината.
Николоски притоа посточи дека спорната изјава изјавата не била демантирана, а семејството Заеви биле опседнати со него, бидејќи претходно за клевета бил тужен и од Вице Заевм братот на премиерот.
„Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета. Напротив, избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати“, изјави Николоски.
Додаде дека се надева оти во овој судски процес ќе ја докаже вистинитоста на неговата изјава.