Николоски: Жителите на Леуново останаа без вода поради бизнис интересите на СДСМ

Позади мене можете да забележите еден обид од страна на актуелниот градоначалник за изигрување на законите и за манипулација со законите. Затоа што четири години ништо не направи освен што работеше за своите лични интереси. Четири години работа за лични интереси, и четири години уништување на општината Маврово Ростуше. Четири камења нема ставено во четири години, но затоа има направено многу комбинации кои што се во негов личен финансиски интерес – истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиуми од Леуново.

Николоски додаде дека позади него можат да се забележат објекти за кои што има спорна документација и за кои што не е сосем јасно дали има соодветно издадени одобренија за градба. А, според кажувањата на дел од надлежните за дел од нив и воопшто нема одобренија за градба.

-Жителите на Леуново реагираат дека на тој начин ќе немаат можност да имаат и она малку што го имаат сега како вода за пиење, затоа што целокупната вода за пиење се насочува кон комплексот „Радика“ кој што е позади мене. Па, сакам јавно да прашам дали личните и бизнис интереси на водството на СДСМ и на луѓето кои што во општината овдека сега раководат од СДСМ се над интересите на жителите кои што живеат во Леунов – запраша Николоски.

Николоски посочи дека на тоа ќе се стави крај. Мавровското езеро ќе се развива според план.