Николоски: Зошто бегаат од соочувања и дебата?

Претставниците на владата во последниот период одбегнуваат телевизиски соочувања со своите политички конкуренти од опозицијата, особено од ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно во недостиг од аргументи за политиките што ги спроведува СДСМ, а за оваа сѐ позачестена појава информираше во четвртокот потпретседателот на најголемата опозициска партија Александат Николоски.

Би сакал да ја информирам јавноста дека министерката за одбрана и воедно заменик претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска, избегнува да се соочи со мене на ТВ дебата. Во изминатиов период беа направени обиди од најмалку пет телевизии да се организира ТВ соочување меѓу мене и Шекеринска. Сите пропаднаа затоа што Шекеринска со разни одговори избегнуваше да се соочи со мене.

Истото се однесува и на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој гледам гостува само каде јшто му е сигурно на нарачани прашања во таканаречени „пријателски медиуми“. Пред крајот на кампањата во првиот круг на претседателските избори би сакал да ги прашам и Шекеринска и Димитров од што бегаат? Од вистина?

Зoшто последен пат на ТВ дуел со мене се појавија пред референдумот за името кога и двајцата беа поразени? Се плашат ли дека немаат аргументи и немаат што да одговорат за срамната промена на името, за втора по ред година без датум за преговори со ЕУ, за високото ниво на корупција и криминал, за назадувањето во сите сектори…

Одговор ќе стигне побрзо од што очекуваат на 21-ви април и на 5-ти мај“, напиша Николоски во својот статус на фејсбук.