Проблемот е што министерот за здравство Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурање Ден Дончев се сликаа и кажуваа дека ќе има јавно приватно партнерство детска кардиохирургија за по шест месеци да видиме дека нема ништо од тоа, рече доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на дебата со министерот за здравство Филипче во емисијата Детектор на телевизија Сител.
-Што се случи со, како што вели министерот, хуманиот капитал само одлив, професионалци од јавното преминаа во приватното здравство. А ако е како што велите движење на кадарот зошто не направите услови да се вратат во јавно здравство. Кардиохирургијата претставува гранка која треба да биде присутна и во јавното здарвство, рече Николов.
Според него наместо физибилит студии, шефот на Филипче, Зоран Заев требаше а се фатата за работа.
-Што направивте само физибилити студии без никаква реализација. Се решивте за нов клинички центар надвор од Скопје, посочи Николов.
Во рамки на постојниот Клинички центар, според Николов, требаше паркинг барем да направи за да паркираат луѓето.
Николов истовремено на министерот Филипче му го предочи известувањето за неговата плата, која не соодветствува со ветувањата на актуелната власт во однос на платите на лекарите.
Министре ветувањето беше 100 илјади денари основна плата, а релизирањето е далеку. Еве мојата плата е 70 илјади денари со пет дежурства, а јас сум доктор на науки, доцент, рече доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата со министерот за здравство Венко Филипче на емисијата Детектор на телевизија Сител.
-Не манипулирајте со бројките министре, ветивте 100 илјади денари основна плата, а од тоа нема ништо додаде Николов.