На вчерашната емисија „Јади Бурек“ кај Јанко Илковски, доктор Игор Николов, од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека власта не убедувала дека ситуацијата е под контрола, но по бројката на починати и заразени кои нис е случуваат гледаме дека ситуацијата не е под контрола.
-Ние баравме да се направи таканаречен Бел план и сега веќе не е контролирано каде и како се шири вирусот. Потоа не убедуваа се е под контрола, еве ситуацијата покажува колку се е под контрола, едноставно системот не е организиран, истакна доктор Николов.
Тој појасни дека кога нема системска организација и кога не се следат правилата на експертите и науката и кога не се спроведуваат, доаѓа до оваа ситуација во која сме. Може да кажеме дека се шири вирусот секаде, но секојдневието потврдува дека тука е нешто различно од другите држави.
-Дебар на стартот на епидемијата се стави во карантин со вистински мерки и вистинска екипа се успеа да се излоира тој кластер. И тоа беше еден пример како треба. Тоа се бараше и за во Куманово, бараше и градоначаникот молеше, но го исмеваа. Се покажа дека се беше прашање на пиар алатки со кои се претера. Полицискиот час даде резултат, падна ширење на вирусот,но решија дека се оди на избори и делење на пакети со наводна помош на населението, рече доктор Игор Николов.
Според него по изборите кога се собираа луѓето, работеа дискотеки и имаше големо раздвижување на помладите без никакви забрани, се дошло до ситуација во која сега се наоѓа земјава, без контрола со најголем процент на смртност во регионот.