0.8 C
Skopje
среда, ноември 27, 2024

Николов: Оваа листа на советници е онаа која треба да ја добие поддршката на граѓаните, која ветува добробит на граѓаните на Тетово

Денеска сме во Тетово. Докторите од Тетово и од Скопје остварија средба со носителот на листата и со советниците на листата на ВМРО-ДПМНЕ број 2. Се запознавме со состојбата во градот, се запознавме со главните проблеми во градот со загадувањето, со недостигот на вода, со недостигот на зеленило, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Особено разговаравме за проблемите коишто ги имаат колегите, докторите во градот и докторите коишто тука работат и битисуваат. Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ е онаа којашто ги знае проблемите, е онаа која знае да ги решава, којашто покажа како тие вистински се решаваат.

Ние дискутиравме дека во иднината не смее да има состојба во којашто во Ковид криза се купуваат автомобили луксузни со металик боја, не смее да ни се повторат сите оние кризи коишто ни се случија, сите оние злоупотреби коишто се случија во изминатиот период и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ го потврди тоа со градоначалниците со досегашното дејствување и активности.

Така да сметаме дека оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово. Уште еднаш докторите од централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ заедно со докторите од Тетово апелираме да се даде поддршка на на носителот на листа Ангел Карапетров и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, додава Николов.